Безбедносните служби испрашале најмалку 13 лица откако нивните возила во текот на ноќта биле сопрени во округот Илфов, соопштиле полициски извори.
Властите не ги објавија имињата на притворените, но, според извори во правосудството, меѓу нив е Хоратиу Потра, лидер на контингентот романски платеници кои се борат во африканската држава Конго.
Како што пренесуваат романските медиуми, Потра во 2011 бил осуден на две години затвор со условна казна откако бил прогласен за виновен за формирање паравоена група.
Mercenarul Horatiu Potra, saltat si incatusat de mascati pic.twitter.com/tBFqy1AE04
— aktual24.ro (@ak24ro) December 8, 2024
Државната новинска агенција Агерпрес објави снимка на која Потра го следат неколку вооружени полицајци додека го водат на испрашување.
Апсењето наводно се случило додека десетици поддржувачи на романскиот десничарски претседателски кандидат Калин Ѓоргеску се подготвувале да организираат протест во Букурешт откако Уставниот суд ги поништи резултатите од првиот круг на гласањето, поради што денес нема втор круг.