сабота, 21 декември 2024

Романија и Бугарија сакаат да ја „избришат“ меѓусебната граница

Објавено на

часот

Сподели

Австрија и Холандија во декември го блокираа влезот на Бугарија во зоната на слободно движење, додека на членството на Романија се спротивстави само Австрија.

Оваа одлука во дипломатските кругови доведе до разговори за можно „раздвојување“ на случаите на Романија и Бугарија, што Холандија го поддржува, пренесува Еуроактив.

„За секој ден поминат на границата, сопствениците на камиони губат 200 евра. Многу возачи даваат отказ бидејќи не сакаат толку да чекаат на границите“, кажа Новаков за бугарската Нова ТВ.

„Дневно има илјадници обиди (нелегално) да се мине границата. Кога се фаќаат корумпирани полицајци, тие би требало да знаат дека ќе ги изгубат пензиите и сите привилегии“, додаде тој.

Меѓутоа, според него, пречките за приемот на Бугарија и Романија во Шенген повеќе не се поврзани со холандското и австриското вето.

„Ќе има избори и некому му се потребни привлечни пораки како „ќе ги сопреме за да можете мирно да спиете“. Мирниот сон во Австрија не завиди од тоа дали сме ние во Шенген, напротив“, искоментира Новаков.

Премиерите на Бугарија и Романија Николај Денков и Јон Марсел Чолаку се сретнаа во вторникот во Атина за да разговараат за заедничка стратегија за прием на Бугарија и Романија во Шенген.

Денков кажа дека укинувањето на граничните контроли меѓу Бугарија и Грција и меѓу Бугарија и Романија би ослободило ресурси за уште подобра заштита на надворешната граница на ЕУ, особено меѓу Бугарија и Турција.

Двајцата премиери исто така го потврдија интересот за изградба на нов мост преку Дунав, отворање траектна линија меѓу Русе во Бугарија и Ѓурѓу во Романија и забрзување на работите на проектот „Фаст Данјуб“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ