четврток, 24 октомври 2024

Романија: Браќата Тејт задржани во притвор по полициски претрес на куќите

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се задржани во притвор откако биле испрашани од романски обвинители за борба против корупцијата во рамки на истрагата за нови обвинувања насочени против нив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Романски истражители извршиле на 21 август четири претреси на куќите на браќата Тејт, кои чекаат судење под обвиненија за трговија со луѓе, силување и формирање криминална група за сексуална експлоатација на жени.

Агенцијата за борба против организираниот криминал на Романија (ДИИКОТ) соопшти дека претресите се вршат во рамки на истрагата за наводи за трговија со луѓе, сексуални односи со малолетници, влијание врз сведоци и перење пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ