сабота, 19 октомври 2024
Серија А

Рома со убедлива победа се враќа од Сардинија, но и со повреден Дибала! (ВИДЕО)

Рома одигра одличен меч против Каљари, победи со 4-1, но црна дамка за нив на овој натпревар е повредата на Пауло Дибала кој излезе во текот на првото полувреме.
 

Објавено на

часот

Сподели

Мурињо одговори на шпекулациите дека може да добие отказ доколку загуби од Каљари. Рома не само што го доби мечот, туку тоа го направи и на многу убедлив начин.

Сепак не беше се така романтично за Рома, во 40. минута Дибала излезе од игра откако доби силен удар во коленото. Ако се работи за сериозна повреда, тоа може да биде голем удар за волчицата во понатамошниот дел од сезоната.

Серијата погодоци почна во 19. минута кога по еден совршен пас на Спинацола, Ауар даде гол за водство на Рома од 1-0.

Веќе во следниот напад по асистенција од Карсдроп, Лукаку постигна погодок со гради за водство од 2-0.

По само шест минути игра во вториот дел, Белоти даде гол за 3-0. Тука беше решено прашањето околу победникот.

Во 59. минута Лукаку даде уште еден гол на овој меч, го зголеми водството на 4-0.

На четири минути до крајот Нандез постигна гол од пенал за конечни 4-1.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ