сабота, 27 јули 2024
Серија А

Рома со убедлива победа над Сампдорија се качи на четвртото место (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Мурињо беше подобар противник, создаваше шанси, но не можеше да даде гол се додека Сампдорија не остана со играч помалку откако Муриљо во 52. минута доби втор жолт картон.

Само пет минути подоцна по асистенција на Матиќ, Вајналдум погоди со глава за водство на Рома од 1-0.

Во 87. минута врз Вајналдум беше направен пенал кој го реализираше Дибала за предност од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Ел Шарави во 94. минута по асистенција од Солбакен.

Рома вечерва може да биде симната од четвртото место, ако Милан победи на гостински терен кај лидерот Наполи.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ