петок, 18 октомври 2024
Серија А

Рома со два гола во судиското продолжение го победи Лече (ВИДЕО)

Рома беше на работ на пораз од Лече, но момците на Мурињо со два гола во судиското продолжение дојдоа до триумф од 2-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

Работите можеа да бидат многу поедноставни за Рома, но Лукаку во петтата минута промаши пенал, голманот Фалконе го одбрани неговиот удар.

Во воведниот дел од мечот Рома пропушти уште неколку шанси преку Дибала и Лукаку. Лече се обидуваше од контра напади.

Казната за промашеното за Рома стигна во 72. минута кога Алмквист даде гол за водство на Лече од 1-0.

Рома не успеа брзо да се врати во игра и се чинеше дека ќе го загуби мечот, но потоа следуваше неверојатна завршница.

Во 91. минута по центаршут на Залевски, Азмун погоди со глава за израмнување на 1-1.

Три минути подоцна Дибала додаде до Лукаку кој убаво се загради и постигна гол за комплетен пресврт и победа на Рома од 2-1. Лукаку од трагичар поради промашениот пенал, испадна херој.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ