сабота, 27 јули 2024

Рома продолжува да победува под водство на Де Роси (ВИДЕО)

Рома со убедливи 4-1 се враќа од гостувањето кај Монца, римската волчица бележи одлични резултати под водство на Даниеле Де Роси.

Објавено на

часот

Сподели

Гостите на гол се израдуваа уште во 18. минута кога погоди Кристанте, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Во 38. минута Пелегрини погоди за предност од 1-0, а четири минути подоцна Лукаку реализираше за 2-0. Тоа беше резултатот по првиот дел.

Течеше 63. минута кога Дибала погоди од слободен удар за 3-0, а во 82. минута Паредес реализираше пенал за 4-0.

До крајот на мечот Карбони успеа да постигне почесен гол за Монца за конечни 4-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ