сабота, 27 јули 2024

Рома преку Кремонезе до четвртфинале против Лацио (ВИДЕО)

Рома со 2-1 го победи Кремонезе и се пласира во четвртфиналето од Купот на Италија каде ќе игра против својот најголем ривал, Лацио.

Објавено на

часот

Сподели

Мега пресметка ќе се случи во четвртфиналето од италијанскиот куп, Рома не дозволи да биде изненадена од Кремонезе иако можеше да се случи тоа.

Рома напаѓаше, но не ги користеше шансите, казната стигна во 37. минута кога Цаџот постигна гол за водство на Кремонезе од 1-0.

Гостите водеа до 77. минута кога по една одлична акција Лукаку погоди за израмнување на 1-1.

Осум минути подоцна Дибала погоди од пенал за комплетен пресврт и победа на Рома од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ