четврток, 30 мај 2024

Рома повторно подобра од Милан, пирова победа за Ливерпул во Бергамо

Рома со 2-1 го победи Милан и со вкупни 3-1 се пласира во полуфиналето од Лига Европа, таму нема да биде Ливерпул кој денеска ја совлада Аталанта во Бергамо, но тоа не беше доволно за да се надополни дебаклот од Енфилд.

Објавено на

часот

Сподели

Рома под водство на Де Роси ја продолжи добрата форма, волчицата повторно го победи Милан.

Римјаните поведоа уште во 12. минута кога Џанлука Манчини дојде до една одбиена топка и ја смести во мрежата на Мањан за водство од 1-0.

Само десет минути подоцна веќе беше 2-0, Дибала постигна гол за зголемена предност.

Во 31. минута Зеки Челик заработи црвен картон поради опасен старт, Рома остана со фудбалер помалку.

Милан долго време се мачеше со играч повеќе да се врати во натпреварот, конечно погодија во 85. минута, но веќе беше доцна за пресврт. Тоа беше конечниот резултат 2-1.

Ливерпул доживеа тежок пораз на Енфилд пред седум дена, загуби со 3-0, па денеска имаа голем предизвик да ја анулираат таквата негатива. Не успеаа во тоа, иако победија.

А добро почна мечот за Ливерпул, поведоа со гол на Салах од пенал уште во седмата минута. Имаа цел меч за уште голови, но не успеаа. Конечниот резултат беше 1-0 за нив.

Во полуфиналето оди и Леверкузен кој одигра 1-1 кај Вест Хем и повторно остана непоразен.

Вест Хем поведе во 13. минута со гол на Антонио, Леверкузен погоди во 89. минута преку Фримпонг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ