недела, 27 октомври 2024

Рома одигра нерешено кај Феенорд, Галата победи во 91. минута (ВИДЕО)

Рома успеа да остане непоразена на гостувањето кај Феенорд, натпреварот заврши 1-1, интересно беше во Истанбул каде Галатасарај со 3-2 ја совлада Спарта Прага во меч со два црвени картони.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска почна елиминациската фаза од Лига Европа, за почеток на денот се одиграа четири ефикасни дуели.

Феенорд поведе со гол на Паиксао во самиот финиш од првото полувреме, Рома изедначи преку Лукаку во 67. минута од мечот.

Во финишот холандскиот тим тргна жестоко кон победа, Рома се повлече и успеа да се одбрани.

Галатасарај со 3-2 ја совлада Спарта Прага, во меч во кој и двете екипи добија црвени картони, а победничкиот гол го даде Икарди во 91. минута од натпреварот.

Немаше победник на мечот меѓу Шахтар и Марсеј, тој дуел заврши 2-2. Единствениот гостин кој дојде до триумф беше Спортинг Лисабон кој со 3-1 славеше кај Јанг Бојс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ