Италијанскиот весник излезе со вест дека Рома ќе му врачи отказ на Жозе Мурињо доколку го загуби утрешниот натпревар против Каљари.
Дополнително „Кориере дело Спорт“ напиша и дека Рома го идентификувала Ханси Флик како можен наследник на Мурињо.
Сепак, демант за ова стигна веднаш. Од Рома преку новинската агенција АНСА ги негираа овие шпекулации нарекувајќи ги лажни, клубот ја реафирмираше поддршката за Жозе Мурињо.