По победата против Фросиноне во Серија А, Рома оствари триумф и против Сервет во Лига Европа. Тимот на Мурињо ја оправда улогата на фаворит и лесно го совлада противникот од Швајцарија.
Серијата погодоци ја отвори Лукаку во 21. минута од натпреварот. Во вториот дел два гола даде Белоти, еднаш погоди Пелегрини за конечни 4-0.
Ливерпул во финишот од двете полувремиња даде по еден гол и го победи Ројал Унион со 2-0. Гравенберч беше стрелец во првиот дел, Диого Жота погоди во финишот од мечот.
Баер Леверкузен со 2-1 славеше на гостувањето кај Молде, Виљареал со 1-0 го победи Рен, најубедлива беше Славија Прага која со 6-0 го уништи Шериф.
Карабах со 1-0 триумфираше кај Хакен, Тулуз со 1-0 го победи ЛАСК, немаше голови на мечот меѓу Макаби Хаифа и Панатенаикос.