сабота, 27 јули 2024

Рома го победи Удинезе и се качи на петтото место во Серија А (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Рома одигра фантастично прво полувреме кое го круниса со гол на Манчини во 20. минута по асистенција од Дибала.

Волчицата имаше апсолутна контрола во првиот дел, Удинезе не направи ништо. Но, работите се променија во второто полувреме.

По паузата Удинезе влезе со подобра енергија, конечно почна да ѝ создава проблеми на Рома. Нивната офанзивна игра и изгубеноста на домаќинот врдои со плод во 57. минута кога Тован погоди со глава за 1-1.

Рома не беше ниту бледа сенка на првиот дел, по примениот гол се мачеше да ја воспостави доминацијата од првото полувреме.

Конечно во 81. минута тимот на Мурињо креираше една фантастична акција која ја реализираше Дибала за водство од 2-1.

Во 90. минута убав гол постигна и Ел Шарави кој ги постави конечните 3-1.

Со овие три бода Рома е на петтата позиција со три бода помалку од четвртиот Наполи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ