петок, 25 октомври 2024
Серија А

Рома го доби дербито со Наполи, големи три бода за тимот на Мурињо (ВИДЕО)

Рома со 2-0 го победи Наполи на Олимпико, актуелниот италијански шампион мечот го заврши со девет фудбалери.
 

Објавено на

часот

Сподели

Рома освои три многу важни бодови со оглед на тешкиот распоред кој е пред нив, Наполи ја продолжи лошата форма.

Во првиот дел волчицата имаше две големи шанси преку Бове кој прво ја погоди пречката, а потоа не реализираше од идеална можност, Мерет го одбрани неговиот удар.

Работите значително се променија во 66. минута кога Политано доби црвен картон поради удар без топка врз Залевски.

Десет минути подоцна Рома поведе со гол на Пелегрини кој од отсвртување реализираше за водство од 1-0.

Ситуацијата на Наполи дополнително се влоши во 86. минута кога Осимен заработи втор жолт картон, гостите останаа со девет фудбалери.

Конечните 2-0 ги постави Лукаку по еден контра напад во 95. минута од натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ