„Одигравме квалитетна одбрана, одигравме можеби најдобар меч на првенството. Ни требаше ваков меч да отидеме чекор понапред и со квалитет кој дефинитивно го поседуваме и со онаа среќа што ни фалеше, па што се однесува до мојот меч денеска ја менувам титулата најдобар играч за победа во оние дуели со Германија и со Данска. Се надевам дека, и јас и Ангелов и сите играчи ќе играме на едно повисоко ниво и покрај сите оние несреќни моменти што не следеа на ова првенство. Публиката го заслужува тоа, овие луѓе дојдоа да ни дадат поддршка. Можеби ние бевме малку паднати после Данска, но луѓето дојдоа и успеавме да се кренеме и покажавме тоа што покажавме.
Јас можам лично да зборам за мене – сите репрезентативци од прв до последен пред натпреварот плачевме, тоа покажува со каква желба и страст го доживеавме овој натпревар. Публиката дојде во огромен број, победивме и сега треба да се радуваме и да ги заборавиме сите оние неубави моменти и сите коментари што стигаат на наша сметка од луѓе кои не се баш искрени поддршувачи на оваа репрезентација. Им ја затворивме устата на сите и сега ги поканувам да преминат на другата страна – да бидеме сите заедно и да направиме уште поголем успех.
За мечот со Србија – се зависи од како ќе завршат другите два меча од групата. Сигурно ќе одиме на победа против северниот сосед. Останаа уште два натпревари – тој со Србија и потоа за пласамн, ќе видиме за кое место. Ќе стегнеме заби и ќе одиме на победи.“, во еден глас изјави Ристовски.