сабота, 27 јули 2024

Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 20 октомври

Кабинетот на Претседателот го продолжи рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2022 година до 20 октомври 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Признанието, како што информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2022 година, во осум категории, најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки, во хуманистичките науки, во природно-математичките и техничките науки, во медицинските науки, признание за најдобар/а млад/а иноватор/ка, млад талент (за ученици и ученички од средните училишта), признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост) како и за најдобар/а млад/а уметник/чка.

„Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2022 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта“, се наведува во соопштението.

Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на претседателот Пендаровски.

„Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието ‘Успешни млади’“, се посочува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ