Најавено е дека ќе настапат македонските рок групи Лајв вајр од Скопје, Кросроад блуз бенд од Прилеп, Саунд вејвс од Битола, Синхро – ЕКВ трибјут од Ресен и Ревелејшн од Демир Хисар.
Во соопштението се наведува дека градоначалникот Најдовски безрезервно и недвосмилено го поддржал техничко – организацискиот дел во рамките на локалните можности.
„И, затоа, по тој повoд, упатува и јавен повик – покана до сите заинтересирани сопственици (или нивни претставници) на угостителски компании, да дојдат на координативен состанок во неговиот работен кабинет, а сè со цел да се дефинираат и утврдат протоколарните активности. На сите заинтересирани локални угостителски компании ќе им биде отстапен деловен простор за поставување продажни штандови – шанк, фрижидери, барски столчиња, масички и слично“, велат од Општината.