Американскиот претседател Трамп им кажал на своите советници дека сака да го најави договорот во своето обраќање до Конгресот во вторникот вечерта, кажале три извори, предупредувајќи дека договорот допрва треба да биде потпишан и дека ситуацијата може да се смени, пишува Ројтерс.
Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар, како ни власта во Киев и украинската амбасада во Вашингтон.
Договорот за минералите беше ставен на чекање во петокот по жестоката кавга на Трамп и Зеленски во Белата куќа, која украинскиот претседател рано ја напушти.
Американски функционери во изминатите денови разговарале со функционери во Киев за потпишување на договорот за минералите и покрај инцидентот во петокот и ги повикале советниците на Зеленски да го убедат украинскиот претседател отворено да му се извини на Трамп.
Зеленски денес на социјалната мрежа Икс објави дека Украина е спремна да го потпише договорот и дека состанокот во Овалната соба е „за жалење“.
„Нашиот состанок во Вашингтон, во Белата куќа во петокот, не помина како што требаше. Украина е спремна што побрзо да седне на преговарачката маса за да се приближи трајниот мир“, напиша Зеленски.