недела, 14 април 2024

Ројтерс: Руски борбен авион се урна во близина на Крим, нема жртви

Руски борбен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Врз основа на информациите од теренот, пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен, пренесува Ројтерс.

„Цивилните објекти не се оштетени и нема жртви“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.

Претходно рускиот канал Телеграм објави дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно што го предизвикало инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ