понеделник, 10 март 2025

Ројтерс: Русите во Курск напредуваат исклучително брзо

Руските сили денеска напредуваат во регионот Курск како дел од голема операција за опколување со цел да принудат илјадници украински војници или да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русите може да опколат илјадници украински војници токму додека Украина се подготвува за разговори со највисоките американски дипломати во Саудиска Арабија во вторник, при што американскиот претседател Доналд Трамп притиска за брз крај на војната.

Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.

Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.

„Во текот на изминатите четири дена руските трупи исчистија толкава територија во регионот Курск колку што некогаш не можеа да исчистат ни за неколку месеци“, рече руски блогер близок до Министерството за одбрана, кој се нарекува Рибар.

Руските војници вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ