сабота, 27 јули 2024

Ројтерс: Протекувањето на документите на Пентагон е направено одвнатре

Објавено на

часот

Сподели

Фотографиите на документите за кои се верува дека потекнуваат од Пентагон, а многу се означени како строго доверливи, се појавија на интернет во март. Меѓутоа, западните медиуми почнаа да ги објавуваат минатата недела.

Документите содржат наводни податоци за воената стратегија и ресурсите на Украина, наводната нелегална активност за надзор на САД против Израел и извештаи дека Мосад организирал демонстрации против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Постојат повеќе теории за можната мотивација зад протекувањето на информациите, кажал неименуван американски функционер за Ројтерс. Тие се движат од „незадоволен вработен до инсајдерска закана која активно сака да ги поткопа интересите на американската национална безбедност“, објави британската новинска агенција.

Дел од тековната истрага се фокусира на истражување колку разузнавачките податоци се споделуваат интерно за да се ограничи кругот на можни виновници, кажал изворот.

Ројтерс истакна дека не може независно да ја потврди автентичноста на материјалите кои протекоа. Американските истражители тврдат дека не можат да исклучат дека некои од документите се лажни за да ја попречат истрагата или да шират лажни информации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ