петок, 26 јули 2024

Ројтерс: Поддржувачи на Трамп повикуваат на немири по пресудата

Поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и кандидат на партијата за реизбор во ноември повикуваат на немири, револуција и насилна одмазда откако тој беше прогласен за виновен во четвртокот во кривична постапка за прикривање исплати на порноглумицата Сторми Даниелс за да молчи за нивната врска.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

На веб-страниците на симпатизерите на Трамп има објави и коментари од неговите гневни поддржувачи кои повикуваат на насилен одговор на фактот дека Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој е прогласен за виновен за кривично дело, пренесува Ројтерс.

Тој треба да биде осуден, можеби и на затворска казна, на 11 јули.

Поддржувачите на Трамп повикуваат на пресметка со поротниците кои го прогласија за виновен по 34 точки од обвинението, некои од нив бараат „егзекуција“ на судијата Хуан Мерчан, повикуваат на вооружен бунт, па дури и на граѓанска војна.

Поддржувачи на Трамп, кој се обидува да се врати во Белата куќа на следните претседателски избори, упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, со цел да се запре потврдата за изборот на Џозеф Бајден за претседател, за што на многумина сè уште им се суди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ