Тој за Ројтерс изјави дека во Ал Кутаифа, 40 километри северно од Дамаск, се наоѓа една од петте масовни гробници.
„Сто илјади е најконзервативната проценка“ за бројот на тела закопани на местото, рече Мустафа.
An advocacy group based in the #US said on Monday that the bodies of at least 100,000 people killed by the former government of exiled President Bashar Assad were found in a mass grave outside Damascus. #Syria https://t.co/LKHqKsFQFQ pic.twitter.com/YF3hKN0B52
— Arab News (@arabnews) December 17, 2024
Тој смета, како што забележува, дека има повеќе од пет масовни гробници, а меѓу жртвите има и американски и британски државјани, како и други странци.
Мустафа рече дека разузнавачкиот огранок на сириските воздухопловни сили бил „задолжен за пренесување на телата од воените болници, каде што телата биле собирани откако (луѓето) биле мачени до смрт, а потоа биле испраќани до местото на масовната гробница“.
Unfortunately, what everyone feared has turned into reality
Many mass graves are being discovered in Syria 😢
This is horrifying pic.twitter.com/3BaveJs4JE
— ONE (@One_Dawah) December 12, 2024
Како што истакна, телата до гробницата биле пренесувани и од општинската погребна канцеларија во Дамаск, чиј персонал помагал да се истоварат жртвите од фрижидерите од тракторските приколки.
Персоналот на СЕТФ, според него, разговарал со возачи на булдожери кои, како што тврдат, биле принудени да копаат гробови и „многупати добиле наредба да ги згмечат телата за да ги вклопат, а потоа да ги покријат со земја“, наведува Ројтерс.
Мустафа изрази загриженост и дека гробниците не се обезбедени и посочи дека е важно да се сочуваат за да се зачуваат доказите за истраги.
Се проценува дека стотици илјади Сиријци се убиени од избувнувањето на граѓанската војна во земјата во 2011 година, додека Асад постојано негираше дека неговата влада ги прекршила човековите права.