Ројтерс пишува дека на снимката може да се видат петнаесетина камиони, вклучувајќи еден со ознака „Z“ која Русија ја користи како симбол на својата „специјална воена операција“ во Украина.
Се чини, како што додава британската агенција, дека во некои камиони се наоѓале трупови.
Ројтерс наведува дека успеале да ја потврдат локацијата како селото Октјабрское, врз основа на зградите, дрвјата и распоредот на патиштата, но дека не може да се утврди кога е направена снимката.
I don’t I remember seeing such a big convoy of russian military vehicles destroyed and captured on video since the start of the full-scale war. May it not be the last!
The video is shot near Rylsk, Kursk Oblast. pic.twitter.com/j260d6Tftt
— Saint Javelin (@saintjavelin) August 9, 2024
Украинските сили ја пробија во вторникот границата со Русија во ненадеен упад, по повеќемесечното руско напредување на истокот на Украина, речиси две и пол години по почетокот на конфликтот.
Началникот на Генералштабот на руската војска генералот Валериј Герасимов го известил во средата рускиот претседател Владимир Путин дека руските трупи и силите на безбедносната служба ФСБ го сопреле напредувањето и дека ќе ги потиснат Украинците назад на границата.
Руските власти прогласија сојузна вонредна состојба во Курската област.