сабота, 27 јули 2024

Ројтерс: Администрацијата на Бајден планира 500 милиони долари оружена помош за Тајван

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од буџетот за 2023 година, Конгресот одобри оружена помош за Тајван во вредност до милијарда долари користејќи го претседателското овластување за повлекување средства, вид наредба која ја забрзува безбедносната помош и која помогнала да се испраќа оружје во Украина.

Како што пренесува Ројтерс, со наредбата со која претседателот дава овластувања да се пренесуваат производи и услуги од американските залихи без одобрување на Конгресот за време на вонредни ситуации, би бил одобрен првиот дел од оружјето од предвидените милијарда долари.

Кина, која Тајван го смета за своја територија, го зголеми воениот притисок на островот во последните три години. Таа не се откажа од употреба на воена сила за да го врати островот под своја контрола.

Кина минатиот месец организираше воени вежби околу Тајван откако претседателката на островот Цај Инг Вен се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот Кевин Мекарти во Лос Анџелес.

Во февруари американскиот министер за одбрана Лојд Остин сведочеше пред комитетот за оружените сили на американскиот Сенат дека планира да ги искористи овластувањата за повлекување, кажа во петокот портпаролот на Пентагон.

Портпаролот не коментираше дали САД ќе продолжат со планот за помош од 500 милиони долари.

„Нашиот пристап останува во согласност со долгогодишната американска политика. Напорно работиме на исполнување на нашите обврски кон Законот за односи со Тајван и ќе продолжиме да го правиме тоа“, кажа портпаролот.

Од 1979 година односот на САД и Тајван е регулиран со Законот за односи со Тајван кој дава правна основа на Тајван да му се обезбедува оружје, но не наложува САД да ју помогнат на Тајван ако биде нападнат.

Тајван од минатата година се жали на доцнења во испораката на американското оружје, како противвоздушните ракети „стингер“, откако произведувачите ги насочија испораките кон Украина. Ова прашање загрижи дел од американските пратеници.

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо Ченг кажа во четвртокот дека испораката на 66 авиони Ф-16 од САД е одложена поради нарушувања во синџирот на снабдување и дека министерството работи на минимизирање на штетата и надоместување на недостигот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ