понеделник, 27 мај 2024

Ројс: Утре никој нема да се сеќава на стативите на ПСЖ, само едно е важно, Дортмунд е во финале!

Борусија Дортмунд ќе игра во финалето на Вембли откако и по вторпат го совлада ПСЖ, за Марко Ројс тоа ќе биде и неговиот последен меч за овој тим бидејќи пред некој ден објави дека заминува.

Објавено на

часот

Сподели

Марко Ројс и Матс Хумелс се единствените двајца од овој тим на Борусија Дортмунд кои играа финале со тимот и пред 11 години. Па емоциите кај Ројс по мечот беа огромни.

„Ова не може да се опише, по повеќе од десет години повторно сум во финале со Борусија. Дембеле и Хакими ни создадоа многу проблеми со тоа неверојатно темпо. Утре никој нема да праша како го добивме натпреварот. Стативите на ПСЖ нема да бидат важни. Тоа што ќе биде важно е дека Борусија Дортмунд повторно е во финале. Никој не го очекуваше ова, ова е неверојатно. Мора да успееме, ова е наш момент“, рече Марко Ројс по мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ