сабота, 27 јули 2024
Легендата на Манчестер јунајтед со жестоки критики по ремито против Ливерпул

Рој Кин се чуди на оптимистичките изјави на Тен Хаг: Сигурно пиел нешто

Легендата на „ѓаволите“, Рој Кин се чуди на оптимистичките изјави на Ерик тен Хаг по ремито против Ливерпул, вели дека Манчестер јунајтед игра како мал тим и се далеку од најдобрите во Премиерлигата.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед синоќа одигра 2-2 против Ливерпул и покрај тоа што првото полувреме навестевуаше сосема поинаков резултат. „Ѓаволите“ за прв пат по 2015 не упатија ниту еден шут во рамките на голот, а гостите поведоа преку Луис Диаз и имаа уште неколку добро шанси за поголема предност.

Но во второто полувреме, Фернандеш прекрасно погоди од половина терен по една грешка на дефанзивата на Ливерпул, а потоа младиот Мејно убаво пласираше во аголот за пресврт и 2-1. „Црвените“ во финишот се изборија за бод, Салах од пенал реализираше за 2-2.

По крајот на натпреварот, Тен Хаг изрази задоволство, кажа дека е горд на неговите избраници, можело да се види како тие напредуваат и каков потенцијал има составот.

Ова не му се допадна на Рој Кин, легендата на Манчестер јунајтед упати жестоки критики.

„Треба прво да провериме дали се напил чашка или две вино пред да го даде интервјуто“ – рече Рој Кин.

„Мене ми изгледаше многу оптимистички расположен, и го ценам тоа, бидејќи очигледно гледа нешто што јас не гледам во моментов“.

„Не велам дека нема потенцијал во составот или во младите момци, едноставно во моментов се многу далеку од Арсенал, Ливерпул и Манчестер јунајтед. Во моментов се борат со Астон Вила и Тотнем за четвртата позициија, а и тука се многу далеку. Па јас ја немам неговата позитивност, но можеби проблемот е кај мене бидејќи сум стар и намќорест“.

Тој потоа додаде: „Не можам да кажам дека Манчестер јунајтед ќе биде конкурент за титулата, едноставно не го гледам тоа. Да, има одредна возбуда од тоа што ќе се случи летоска со сите тие нови имиња во раководството и настапот на трансферот пазарот, но долг е патот за Манчестер јунајтед да се врати на врвот“.

„Потребни се лидери, потребни се фудбалери со карактер. Овој Манчестер јунајтед игра како мал тим. Доколку сакате да освојувате трофеи, или барем да се борите за трофеи, морате да играте на високо ниво секоја недела. И овие момци не го прават тоа. Имаат дури 12 порази. Гол разликата е негативна, така? Ова воопшто не е добро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ