петок, 26 јули 2024

„Родум од Македонија“ донесе единаесет студенти на тринеделен студиски престој во земјава

Објавено на

часот

Сподели

Анамариа Поповска, Елена Пашариковски, Џосеф Рајчевски, Кристијан Стојановски, Самуил Ангелкоски, Софиа Оуслис, Тери Вендерис, Викториа Поповска, Даниел Соломос, Катерина Петровски  и Ена Налбантиќ ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси.

Тие ќе бидат на пракса во Олив Џобс, Македонска информативна агенција – МИА, Адвокатскo друштво ДДК, БтоБет, Лимитлес Солушн, Фор Твенти Фор Ту, M6 едукативен центар, Државен архив и Стопанска комора. За време на нивиот престој, студентите ќе бидат сместени во интернатот на приватниот колеџ „Јахја Кемал“.

Покрај редовната практична работа, за студентите секоја недела е предвидена „тематска среда“ каде ќе посетуваат културни институции, Собранието, и ќе одржат средби со бизнис и меѓународната заедница. За време на викендите студентите ќе го посетат Охрид, Битола и ќе присуствуваат на традиционалната Галичка свадба.

„Родум од Македонија“ почна во 2015 година и се организираше во континуитет до 2019 година.

Проектот беше ставен во мирување две години поради пандемијата од Ковид-19 и продолжи во 2022 година.

Главна  цел на „Родум од Македонија“ е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија. Според организаторите, овие активности можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ