Анамариа Поповска, Елена Пашариковски, Џосеф Рајчевски, Кристијан Стојановски, Самуил Ангелкоски, Софиа Оуслис, Тери Вендерис, Викториа Поповска, Даниел Соломос, Катерина Петровски и Ена Налбантиќ ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси.
Тие ќе бидат на пракса во Олив Џобс, Македонска информативна агенција – МИА, Адвокатскo друштво ДДК, БтоБет, Лимитлес Солушн, Фор Твенти Фор Ту, M6 едукативен центар, Државен архив и Стопанска комора. За време на нивиот престој, студентите ќе бидат сместени во интернатот на приватниот колеџ „Јахја Кемал“.
Покрај редовната практична работа, за студентите секоја недела е предвидена „тематска среда“ каде ќе посетуваат културни институции, Собранието, и ќе одржат средби со бизнис и меѓународната заедница. За време на викендите студентите ќе го посетат Охрид, Битола и ќе присуствуваат на традиционалната Галичка свадба.
„Родум од Македонија“ почна во 2015 година и се организираше во континуитет до 2019 година.
Проектот беше ставен во мирување две години поради пандемијата од Ковид-19 и продолжи во 2022 година.
Главна цел на „Родум од Македонија“ е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија. Според организаторите, овие активности можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората.