сабота, 19 октомври 2024

Родриго со контроверзен пост за триото Белингем-Мбапе-Винисиус, па веднаш ја избриша објавата (ФОТО)

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго имаше контроверзен пост на социјалните мрежи и покажа дека не му се допаѓа тоа што сите во преден план ги ставаат Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ креираа страшен напад откако ова лето Килијан Мбапе стана нов „галактико“.

Медиумите одма почнаа да пишуваат стории за новото напаѓачко трио „БМВ“ (Белингем, Мбапе и Винисиус) и да се прават споредби со легендарните „ББЦ“ (Бензема, Бејл, Кристијано Роналдо) или „МСН“ (Меси, Суарез, Нејмар).

Очигледно ваквите написи не му се допаднаа на Родриго, кој имаше што да каже по натпреварот против Мајорка.

„Здраво момци, синоќешниот резултат против Мајорка не беше оној кој го посакувавме. Но во Ла Лига секој бод прави разлика на крајот. Среќен сум со погодокот и прогресот на тимот. Минатата недела сите зборуваа аз триото составено од Белингем, Мбапе и Вини, но ќе треба да додат Р за Родриго во тој акроним. Имаме четворка во нападот“ – се велеше во дел од пораката на Бразилецот, кој го постигна единствениот гол на Реал Мадрид против Мајорка.

Родриго очигледно сфати дека малку претера со оваа објава и може да ја дестабилизира соблекувалната, па постот за брзо време беше избришан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ