Во претпоследниот натпревар од 30. коло во Ла Лига, Реал Мадрид на „Бернабеу“ ја доби пресметката против Атлетик Билбао.
Родриго со два прекрасни гола ги предводеше домаќините до три бода и +8 во однос на Барселона.
Резултатот беше отворен во 8. минута, Родриго одлично си направи простор за шут и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо за 1-0.
Напаѓачот во 73. минута ги реши сите дилеми околу победникот, по еден брз против напад, Бразилецот одлично го исфрли од игра противничкиот дефанзивец и рутински реализираше по земја на првата статива за 2-0.