понеделник, 4 март 2024
Херојот на Реал Мадрид во вчерашната победа над Челси

Родриго: Модриќ ми е како татко

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид со вкупни 4-0 го помина Челси и се пласираше во ново полуфинале од Лигата на шампионите. Синоќа во центарот на вниманието беше Родриго кој ги даде двата гола.

„Јас сѐ уште немам објаснување како Лигата на шампионите посебно нѐ инспирира и нѐ тера сите да одиграме на ниво многу повисоко и од очекуваното. Можам да кажам дека е нешто многу специјално. Јас, а и секој во белиот дрес, кога и да играм(е), единствената цел е Реал да победи. Јас сакам само да продолжам да играм, да давам голови, зашто пред сѐ сакам(е) уште пехари во Лигата на шампионите. Гордост и чест е да играш за овој клуб, најдобриот на светот. Сега ќе видиме со кој ќе се соочиме за следниот предизвик – Сити или Баерн“, рече Родриго.

Бразилецот има посебна благодарност за Лука Модриќ за кој вели дека му е како татко.

„Лука е секогаш тука за мене, секогаш разговара со мене кога поминувам низ тешки моменти. Ми рече само да бидам мирен. И јас сум му толку многу благодарен за сѐ што прави за мене. Лука ми е како татко“, додаде Родриго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ