Македонија во среда од 20:30 часот го почнува настапот на СП, а прв противник во Вараждин ни е селекцијата на Унгарија.
Унгарците денеска отпатуваа во Хрватска, а пред заминувањето одржаа прес-конференција.
„Македонските ракометари се ниски, но одлично координирани, агилни и одлично ја движат топката. Мораме да излеземе повисоко, да ги притиснеме и да ги браниме одблиску, како што вежбавме против Србија. Првиот натпревар е многу важен, ако победиме, ќе ни се крене самодовербата, ако загубиме, влегуваме во една негативна спирала и потоа е тешко да се влезе во ритам. Селекторот на Македонија, Кирил Лазааров ми е добар другар и врши одлична работа за што најдобар доказ беше подготвителниот натпревар против Хрватска“, рече Родригез.