сабота, 27 јули 2024

Роднините на израелските заложници се обратија на Советот за безбедност на ОН

Роднините на израелските заложници кои во Појасот Газа ги држи палестинската милитантна организација Хамас се обратија на специјално свикан состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу другите на состанокот кој се одржа вчера Гили Роман, кој е германски државјанин, ја спомна својата роднина Кармел која на 7 октомври минатата година била грабната од кибуцот Беери.

„Малку знаеме за ситуацијата на Кармел. Се надеваме дека е жива. Но не знаеме“, кажа Роман.

Претставниците на Советот за безбедност и неколку други присутни држави членки на ОН, вклучувајќи ја Германија, ветија дека ќе продолжат со напорите да се обезбеди ослободување на сите заложници.

Хамас во нападот на 7 октомври уби околу 1.200 луѓе, вклучувајќи околу 800 цивили. Тие грабнаа повеќе од 200 жени, мажи и деца.

105 од нив беа ослободени по речиси два месеци во рамки на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Судбината на останатите заложници останува нејасна. Според израелските проценки, околу стотина се сè уште живи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ