недела, 27 октомври 2024

Родителите на момчето што загина на „пластичарска“ ќе протестираат за казната за возачот што го усмрти нивниот син

Објавено на

часот

Сподели

На протестот е предвидено да говорат претставници на Ромалитико и таткото на Мануел, Себастијан Асановски кои ќе ги испратат своите барања до Основниот кривичен суд Скопје кој го осуди возачот, Шукри Зеќири на казна затвор од 2 години и три месеци.

„Укажуваме дека губењето на животот на 10 годишниот Мануел е трагедија и болка којашто ќе го следи семејството до крајот на животот и најмалку што може судот да направи за овој случај е да донесе праведна одлука за казна на сторителот. Со организираниот протестен марш, Ромалитико, ромската заедницата и сите незадоволни од судскиот систем, а во овој случај незадоволни од одлуката на судијката Марија Клетничка бараме, казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторено кривичното дело, пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата е Ром или Ромка и активно учество на ромската заедница во судската власт. Ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, како во случајот на Мануел, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата.“, велат во највата за протестот од невладината Ромалитико. 

На 12 октомври, 21 годишниот Шукри Зеќири, со возило марка Мерцедес Е-320 на улицата позната како „пластичарска“ во Скопје го усмрти 10 годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на несреќата.

Еден месец подоцна откако Зеќири ја призна вината, судијката Марија Клетничка донесе пресуда со која тој беше осуден на затворска казна од 2 години и 3 месеци и 3 годишна забрана за управување со моторно возило по отслужување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ