среда, 25 декември 2024

Родители во Љубљана го пријавиле сопственото дете за петарди, полицијата ги пофалила

Како што јавува Н1, родители од Љубљана кај своето дете нашле пиротехника која ја купил без нивно знаење и самите ја повикале полицијата. „Со своето одговорно однесување дефинитивно му дале пример на детето и спречиле можни повреди“, ги пофалиле од љубљанската полиција, додавајќи дека станувало збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Објавено на

часот

Сподели

Во Словенија употребата на пиротехнички средства им е дозволена на физичките лица од 26 декември исклучиво до 1 јануари, а продажбата од 19 до 31 декември.

Љубљанската полиција кажа дека акцент ставаат на превентивните мерки за намалување на употребата или безбедната употреба на пиротехниката, кои ги спроведуваат заедно со училиштата и другите институции. „Затоа секоја година во основните училиште држиме неколку предавања на таа тема“, објаснија тие.

Воедно истакнаа дека родителите имаат важна улога во освестувањето на малолетниците за опасностите на пиротехниката. „Важно е да зборуваат за оваа тема и да ги предупредуваат децата на опасноста и последиците од употребата на пиротехничките производи“, додава полициската управа на Љубљана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ