сабота, 27 јули 2024

Родители од градинката Детска радост во Автокоманда вечер ќе решаваат за бојкот

Објавено на

часот

Сподели

Родителите на децата кои секојдневно се згрижуваат во детската градинка Детска радост во клоновите во Автокоманда и Железара се „згрозени од донесената одлука на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска повторно да ја именува разрешената директорка Анета Петровска за директорка на градинката на нашите деца. 

Јавно ја прашуваме министерката Тренчевска: 

Дали почитувана министерке, вие би ги пуштиле вашите деца и вашите внуци да посетуваат градинка која ја води директорка за која изминатиот еден месец во јавноста видовме документи и докази за сторено кршење на многу закони? 

Дали почитувана министерке, вие би дозволиле за вашите деца да се грижи некој што не почитува закон во неговата работа? 

Зошто почитувана министерке, преку грбот на нашите деца ги спроведувате вашите политички битки? Зошто откако ги одземавте надлежностите, не именувавте друго лице за директор на градинката, туку ја вративте разрешената директорка“, прашуваат родителите на децата кои ја посетуваат оваа градинка.

Тие најавуваат дека вечер ќе имаат собир на родители на кои ќе одлучуваат за бојкот и носење на децата пред зградата на Министерството за труд и социјална политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ