сабота, 27 јули 2024

Робињо не може да се спаси, мора да оди во затвор

Врховниот суд во Бразил донесе одлука дека Робињо мора да ја отслужи затворската казна која му е изречена за силување во Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Робињо во 2022 година во судот во Милано беше осуден на девет години затвор поради силување на 23-годишна девојка во ноќен клуб.

Бразилецот успеа да им побегне на италијанските власти, тој отиде во Бразил кој нема договор за екстрадиција со Италија.

Врховниот суд во Бразил со девет гласа „за“ и два „против“ донесе одлука дека Робињо ќе мора да ја отслужи затворската казна.

Тој нема да биде екстрадиран во Италија, туку ќе треба да одлежи во бразилски затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ