среда, 11 декември 2024

Роберт: Го најдов градот од бајките!

Објавено на

часот

Сподели

 

Одлучивме да останеме да живееме во Германија

Пејачот Роберт Вукелиќ со својата „тазе“ сопруга Даниела одлучи да живее во нејзиното родно место, Келн. Вели дека полека се навикнува на новиот начин на живот во Германија. „Живееме во еден прекрасен град. Келн е богат со различни култури и националности. Многу ми се допаѓа големата стара катедрала што се наоѓа во центарот, ја посетуваат верници од целиот свет, но и туристи. Германците ги слават сите големи празници, а посебно е чувството кога ќе ги слушнам камбаните како одекнуваат. Мислам дека го пронајдов градот од бајките!

Нова песна за денот на вљубените

Ќе останеме да живееме тука. Но во Македонија ќе доаѓаме често. Ми недостигаат и семејството и пријателите“, вели тој.
Во Германија успеал да сними и нова песна.
„Здравје, за Денот на вљубените ќе ја промовирам во Македонија. Ако стигнеме до тогаш да снимиме и спот, уште подобро!“
Пејачот планира спотот да го снима на различни локации во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ