сабота, 27 јули 2024

РКЕ: Зголемени цените на нафтените деривати

Малопродажната цена бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар за литар, на бензинот еуросупер БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар.

Објавено на

часот

Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22 декември.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,950%, кај дизелот за 6,048%, кај екстра лесното масло за 6,037%  и кај мазутот зголемувањето е за 0,567%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,119%

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС 95 – 77,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 – 80 денари/литар, еуродизел (Д-Е V) – 74,50 денари/литар, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 74 денари/литар, мазут М-1 НС – 42,075 денари/килограм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ