Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22 декември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,950%, кај дизелот за 6,048%, кај екстра лесното масло за 6,037% и кај мазутот зголемувањето е за 0,567%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,119%
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС 95 – 77,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 – 80 денари/литар, еуродизел (Д-Е V) – 74,50 денари/литар, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 74 денари/литар, мазут М-1 НС – 42,075 денари/килограм.