сабота, 27 јули 2024

РКЕ: За две години од нови обвновливи извори е добиена струја за 185 илјади домаќинства

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MВ енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

„Во јануари РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од 27,06 MW. Овие бројки потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и  затоа реализацијата е брза. Ние за 25 месеци го имаме практично новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање  инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен туку е струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Тој додава дека во 2023 година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од  обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од  скоро 399 MW што претставува раст од над 160 % на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ