сабота, 18 јануари 2025
Од обновливи извори

РКЕ во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на струја

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори- Сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW, соопшти нејзиниот петседател Марко Бислимовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната иницијатива реализраше енергетски инвестиции кои по вкупната моќност се нешто повеќе од еден блок од РЕК Битола. Иако станува збор за различен тип на енергија, едната е од обновливи извори и карактеристично е што е достапна кога има услови (сонце, ветер, вода), а другата е базна енергија, сепак овие бројки се значајни кога ќе се погледне големата сликата. Со инвестицискиот циклус кој е во континуитет три години (2022,2023 и 2024 година) достигнат е инсталиран капацитет од близу 880 MW, а резултат е зголемено домашно производство на струја, еднаква за задоволување на потребите на семејствата од Скопје, Гостивар, Велес, Битола, Дојран, Свети Никола, Охрид и Струмица или вкупно 285 илјади домаќинства“, вели Бислимоски.

Во 2022 година издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 152,2 MW, додека во 2023 година со 399 MW, што пак влијаеше нето увозот на струја од претходните 30 % да се намали на рекордно историско ниво од 2,75 %, се посочува во соопштението од РКЕ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ