Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182%, кај дизелот за 1,847%, кај екстра лесното масло за 1,231% и кај мазутот зголемувањето е за 0,571%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072%
Од 23 мај максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 78,50 денари/литар
Моторен бензин еуросупер БС – 98 80,50 денари/литар
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 69,00 денари/литар
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 денари/литар
Мазут М-1 НС 39,433 денари/килограм
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23 мај. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат даги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките, соопшти РКЕ.