сабота, 27 јули 2024

РКЕ: Нема промена на цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Објавено на

часот

Сподели

Од полноќ се намалува само малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-моторен бензин еуросупер БС – 95 84,50 (денари/литар)

-моторен бензин еуросупер БС – 98 86,50 (денари/литар)

-дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

-масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

-мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ