четврток, 22 февруари 2024

РКЕ: Мало намалување на цените на нафтените деривати

Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат во просек за 0,98% во однос на одлуката од 27 октомври. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,504%, кај дизелот за 1,498%, кај екстра лесното масло за 3,794% и кај мазутот намалувањето е за 2,993%. 

Објавено на

часот

Сподели

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: за еуросупер БС 95 – 81,5 денари за литар, за еуросупер БС 98 – 83,5 денари за литар, еуродизел 81,5 денари за литар, масло за горење ЕЛ-1 – 81 денари/литар и мазут М-1 НС – 46,291 денари/килограм.

 

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 не се менува, на еуросупер БС-98 и на еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за еден литар, на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,883 денари за еден килограм. 

Новите цени ќе важат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ