сабота, 19 октомври 2024

РКЕ и ЕСМ разговараа за набавка на гас за парно за скопјани и за оспособување на гасоводната цевка под мостот Беласица

Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и новиот генерален директор на ЕСМ, Лазо Узунчев.

Објавено на

часот

Сподели

Во присуство на членовите на РКЕ и дел од раководството на ЕСМ се разговарало за активностите на кои компанијата ќе се посвети за да се обезбеди сигурна, стабилна и непречена испорака на топлинска енергија.

Набавка на природен гас е клучен елемент во регулаторната одлука за цена на парно посочил претседателот на РКЕ Бислимоски, за што директорот Узунчев информирал дека конкурентноста ќе биде приоритет со цел да се обезбеди цена на овој енергенс, која ќе резултира со намалени трошоци за производство на топлинска енергија.

„Во исто време се разговараше и за цевководот под мостот Беласица да се стави во функција за што се преземаат соодветни чекори и во иднина новиот топловод и просторот ќе се обезбедат соодветно за се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките.

Во однос на состојбата со електрична енергија директорот Узунчев најави дека ќе спроведе серија на активности со кои ќе се оптимизираат трошоците на работа, а во исто време ќе се фокусираат кон зголемување на производството на електрична енергија.

Претседателот Бислимоски предложи да се направи анализа за концептот откуп на домашно произведената струја од новите производителни на електрична енергија од фотоволтаични централи во транспарентна постапка, со цел да се добие поевтина цена на струја, и да се заштедат  акумулациите.

Грејната сезона вообичаено започнува на 15 октомври, но не пред 1 октомври доколку средната надворешна прогнозирани температура е еднаква или пониска од 12 степени целзиусови“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ