сабота, 19 октомври 2024

РКЕ ги пресметува трошоците за евентуалната нова цена на струјата

Објавено на

часот

Сподели

Државната ЕСМ се уште не ги доставила пресметките до Владата, по што треба да се одлучи по која цена ќе се оди на тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за Универзалниот снабдувач за граѓаните. Пресметките се во тек и до крајот на неделава ќе бидат испратени до Владата, велат од ЕСМ. 

„Поминавме исклучително тежок период и сметам дека не е време и не е потребно зголемување на цената на електричната енергија. Денес, во текот на денот секогаш имаме цени на електрична енергија на пазарот повеќе од два пати пониски од што се цените во останатиот дел од денот“, вели Бислимовски.

Неофицијално, можно е цената на ЕСМ да биде 70 евра за мегават час, што ќе значи раст на цената за 10 отсто. МЕМО бара 80 отсто зголемување на цената, но нивниот удел во финалната цена е само 0,5 отсто. МЕПСО бара раст на цената на струјата за 50 отсто, а нивниот удел во цената е околу пет отсто. Електродистрибуција бара зголемување од 30 отсто, а нивниот удел е нешто над 30 отсто.

За следниве шест месеци обврска на ЕСМ е да обезбеди 50 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата. Ова Владата велат дека ќе се обидат да ја обезбедат целата струја за домаќинставата и да го сведат увозот на минимум.

Се чека и на одлуката за евентуалното враќање на евтината дневна тарифа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ