сабота, 27 јули 2024

РК Вардар се заблагодари на Град Скопје и Данела Арсовска

Ракометниот клуб Вардар ја доби финансиската помош од Град Скопје која им беше ветена, па клубот јавно се заблагодари на градоначалничката.

Објавено на

часот

Сподели

Пред крајот на годината Град Скопје го израдува Вардар. Неофицијално и фудбалскиот и ракометниот клуб ја добиле ветената помош. Во касата на ФК Вардар се слеале 12 милиони денари, додека во РК двојно помалку. Тоа се суми кои ќе бидат од значителна помош за редовното функционирање на клубовите.

Ракометниот клуб се заблагодари за помошта од градот.

„Македонскиот ракометен бренд Вардар1961 упатува огромна благодарност до Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи ги препознаа и ги поддржаа напорите на клубот да остане голем амбасадор на Скопје.
Благодарни сме што за првпат во историјата на клубот, градот застана зад нас и потврди дека спортот е еден од вистинските репрезенти на Скопје, а Вардар1961 препознатлив спортски белег.
Секоја помош и поддршка е добредојдена, и значи исполнување на целите кои секогаш се поврзани со остварување на највиските резултати, привлекување на нови млади ракометари, и создавање на здрави навики на младите преку промовирање на спортот на начин на живот.
Заедно се радувавме на многу успеси, и ветуваме дека и во иднина ќе бидеме спортската гордост на Скопје“, стои во соопштението на РК Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ