среда, 23 октомври 2024

РК Вардар промовираше нов спонзор

Објавено на

часот

Сподели

Вардар денеска промовираше нов спонзор, извршниот директор на клубот, Борко Ристовски и сопственикот Бествеј Солушнс, Ненад Стојкоски потпишаа договор за соработка.

„Повеќекратниот македонски ракометен првак Вардар веќе почна да ја добива поддршката од бизнис заедницата во Македонија, и со задоволство потврдуваме дека компанијата Бествеј Солушнс ќе биде дел од спонзорскиот тим на „црвено-црните“ во иднина. Со тоа почнува најавениот процес на финансиска стабилизација на тимот и создавање на спонзорски тим кој во иднина треба да му помогне на Вардар да се врати на врвот, во Македонија и во Европа“, стои во соопштението на РК Вардар.

Сопственикот на Бествеј Солушнс, Ненад Стојкоски вели дека им е чест и задоволство што ќе бидат дел од Вардар.

„Ни претставува огромна чест и задоволство да бидеме дел од спонзорскиот тим на двократниот европски шампион РК Вардар. Ја поздравувам идејата на клубот да ги вклучи легендите на македонскиот ракомет Борко Ристовски и Стојанче Стоилов во раководната структура на клубот. Верувам дека со оваа наша поддршка, ќе придонесеме РК Вардар да се врати каде што му е местото, а тоа е на врвот, изјави Ненад Стојкоски, сопственикот на компанијата.

Борко Ристовски се заблагодари за спонзорството и верува дека и други компании ќе го следат примерот на Бествеј Солушнс.

„Благодарност до Бествеј Солушнс што ќе биде наш партнер во иднина и го препозна она што во клубот го правиме за враќање на Вардар на патот на успехот. Промените што почнаа во Вардар, и играчки и организациски, сега ги прошируваме и на другите полиња. Сигурен сум дека нашиот спонзорски тим што веќе почнавме да го создаваме ќе ни овозможи не само нормално функционирање, туку и исполнување на плановите во иднина. А тие се враќање на трофеите, враќање во европскиот ракометен крем и создавање на нови играчи. Секој почеток е тежок, но ќе ни биде многу полесно со поддршката што ја имаме од Бествеј Солушнс, и од другите спонзори што ќе додат во семејството на Вардар, изјави Борко Ристовски, извршниот директор на „црвено-црните“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ